Бочварски: СДСМ гради патишта а ВМРО барокни фасади
Експресниот пат Градско - Дреново 15,5 километри, до месец мај 2024 година беше започнат од владата на СДСМ и завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите, напиша на социјалните мрежи екс минситерот за транспорт Благој Бочварски
Денес истиот пат се пушта во сообраќај.
Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани, без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните.
Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пекагонискиот регион.
14.01.2025 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа