Апсења на повеќе локации во Македонија, приведени десет лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на целата држава.

На 05.03.2025 во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. 

На 05.03.2025 во 18.30 часот на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Л.М.(56) од Велес. Имено, пред наплатната станица, откако излегол од патничкото возило во кое се превезувал, бил извршен  преглед и кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и црна грутчеста материја. Л.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 05.03.2025 во 10.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(19) од с.Кондово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.03.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром. полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.03.2025 во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром. полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.03.2025 во  21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.03.2025 во 17.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.К. (22) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.03.2025 во 18.55 часот во с.Синичане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Г.М.(72) од селото. Тој бил затекнат од шумочувар во селото со бесправно исечени огревни дрва натоварени во трактор. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. 

На 04.03.2025 во 20.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Џ.Р.(29) од Радовиш, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна.  Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.   

Денеска (06.03.2025)  во 03.30 часот во Скопје, на бензинска станица на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(29) од с.Колари, кичевско, затоа што кај него бил пронајден пиштол и муниција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

06.03.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега