Тракторот преполовен, автомобилот на кров: Страшна несреќа во Крагуевац

 


Сообраќајната несреќа се случила во селото Губеревац меѓу Крагуевац и Краљево.

Во несреќата учествувале трактор и патничко возило, а три лица се повредени.

Во доцните вечерни часови на патот меѓу Крагуевац и Краљево во селото Губеревац се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

- Во несреќата учествувале трактор и патничко возило, кои при судирот се превртеле на покривот. Сцената е ужасна, автомобилот завршил на покривот, додека тракторот се преполовил - велат очевидци за агенцијата РИНА.

Причината за несреќата не е позната, а сообраќајната полиција изврши увид на лице место за утврдување на сите околности на несреќата.

Поради инцидентот, сообраќајот беше целосно запрен, што предизвика огромни гужви и долги редици во двата правци.

06.03.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега