Момче од Грчец удри пешак - итно пренесен во болница
На 28.03.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(24) од с. Грчец, скопско, удрило во пешакот Т.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
29.03.2025 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа