Во Скопје слета Ангел - вториот пациент кој се враќа од лекување на странските клиники
Топло добредојде на Ангел, вториот пациент, кој попладнево пристигна од болницата во Атина му посакаа министрите Таравари и Муцунски.
Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување.
Му посакуваме брзо закрепнување и добро здравје.
Вечерва се очекува да пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.
26.03.2025 - 19:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа