Властите во вторник ќе ги боли глава: Шест министерства излегуваат на протест
По штрајкот на вработените во Државното правобранителство, на 14 јануари на протест ќе излезат вработени од шест министерства и Државниот завод за статистика.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, потврди дека протестираат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд.
Во понеделник ќе биде официјално објавено кои уште институции ќе се приклучат. Барањето е потпишување на колективен договор кој предвидува 30% додаток на плата за вработените.
10.01.2025 - 19:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа