(ВИДЕО) Петрушевски: Соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат нов лист за СДС

 


Само СДСМ не се отргна од Груби и еден месец молчи за него, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Како што рече, Груби направил милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив, а во таква ситуација Социјалдемократскиоит сојуз не може да каже дека не знаеле што прави Артан Груби.

„Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите. СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ. Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше“, додаде Петрушевски.

18.01.2025 - 13:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега