Тлото во Србија не мирува - за само еден час регистрирани два нови земјотреси
Сеизмолошкиот институт на Србија регистрираше два земјотреса со ниска јачина во Мајданпек и Краљево.
Првиот, со интензитет од 1,8 степени по Рихтер, се случи во 12:06 часот на длабочина од 4 километри, додека вториот, со јачина од 1,9 степени, следеше во 13:08 часот на длабочина од 3 километри.
Овие нови потреси се само дел од серијата сеизмички активности што го зафатија Балканот во последните денови.
15.12.2024 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа