Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на амбасадорот на Киргистан

 


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев.

На церемонијата на предавање на акредитивите, амбасадорот Казакбаев изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани. Тој истакна дека ќе вложи максимални напори за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за упатеното писмо со сочувство од страна на киргистанскиот претседател, Садир Жапаров.

Таа укажа дека меѓу двете земји постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката на политички, економски и културен план, како и во рамки на меѓународните организации. Во таа насока, изрази уверување дека именувањето на амбасадорот Казакбаев ќе го означи почетокот на ново поглавје во развојот на билатералните односи и соработка.

Соговорниците ја нагласија потребата од интензивирање на политичкиот дијалог и склучување на договори коишто ја дефинираат правната рамка на економско-трговската соработка. Со цел воспоставување на конкретна соработка во областите од заемен интерес, претседателката го охрабри усвојувањето на веќе покренатите иницијативи.

 

На новоименуваниот амбасадор таа му посака успешен мандат и изрази целосна поддршка во вршењето на неговата дипломатска должност. Тој на претседателката ѝ упати покана од претседателот Садир Жапаров за посета на Киргистанската Република

26.03.2025 - 15:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега