Силен земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското Море
Во близина на италијанскиот брег во Јадранското Море повторно е забележан земјотрес.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, се случил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини.
Италија завчера ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар во морето меѓу Анкона и Римини.
На слична локација вчера се случи и земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
12.11.2022 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа