Сијарто: Ако Трамп не успее да донесе мир, никој нема

 


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може.

„Унгарија многу ја цени посветеноста на новиот американски претседател за мир. Ако Трамп не може да постигне мир во Украина, никој не може. Целосно ги поддржуваме напорите на Трамп“, рече Сијарто синоќа по средбата со вршителот на должноста на американската амбасада во Будимпешта, Роберт Паладин.

Како што наведе тој, безобразно е тоа што Брисел го попречува успехот на овие потфати, пренесе МТИ.

Сијарто исто така рече дека разговорот со Паладин бил одличен и додаде дека односите меѓу Унгарија и САД се проткаени со взаемно почитување.

25.03.2025 - 09:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега