Тројца пациенти од Кочани пренесени од Белград во Ниш

 


Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани, се пренесени од Универзитетскиот клинички центар на Србија во Универзитетскиот клинички центар Ниш, јави МИА од Белград.

Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

„Шест повредени во тој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за Интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените.

27.03.2025 - 14:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега