Северна Јапонија се бори со рекордни снежни врнежи и ветрови

 


Рекордни снежни врнежи се забележани на северниот јапонски остров Хокаидо.

82 сантиметри снег паднаа во градот Обихиро и 56 сантиметри во градот Хомбецу, што претставува најголемо количество снег во историјата на мерењата, објави јапонската телевизија NHK.

Снежни бури и силен ветер се забележани и во околината на Јапонското море.

04.02.2025 - 09:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега