Се огласи Елена Ристеска: Потценувањето мора да престане - секој пејач треба да биде платен

 

 

Откако претходно денеска од Комората на музичката индустрија обвинија дека Град Скопје не ги исплатил хонорарите на сите оние музички уметници кои биле дел од минатогодишната програма на Градот за новогодишните и божиќни празници, пејачката Елена Ристеска изрази јавна поддршка кон колегите.

„Поддршка за колегите, секој што оддржал концерт треба да биде платен! Ние музичарите живееме од концертите! А ниту еден странски музичар не си отишол од државата неисплатен! Потценување на македонските музичари мора да престане!“; напиша пејачката Ристеска на социјалната мрежа „Инстаграм“, изразувајќи поддршка кон својата колешка Викторија Лоба, која во изјава за Сител потенцираше дека е една од неисплатените музички уметници, кои лани за Нова Година ги забавуваа скопјани.

24.12.2024 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега