СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја
РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа, велат од СДСМ.
„На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи.
ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.
Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.
Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ.
Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните.
Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа