САД: Едно лице загина, двајца се ранети во пукање во средно училиште во Нешвил
Американските власти денеска соопштија дека едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во средно училиште во градот Нешвил, Тенеси.
Портпаролот на Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, Џон Хаузер, потврди дека едно лице загинало во престрелката, а две ранети се хоспитализирани, пренесе АП.
Се претпоставува дека напаѓачот прво ранил двајца ученици, а потоа си го одзел животот, соопшти полицијата.
Портпаролката на полицијата засега не може да потврди дали напаѓачот бил и ученик во училиштето, пренесува Танјуг.
22.01.2025 - 21:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа