„Помагаа насекаде, продадоа награда за да донираат за лекување на момче“: Калиопи за Андреј и Панчо

 

Цела Македонија е во шок и жалост поради страшната трагедија што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, кога избувна разорен пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во несреќата животот го загубија најмалку 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени, од кои дел со сериозни повреди и се борат за живот.

Трагедијата ја потресе не само македонската јавност, туку одекна низ целиот регион. Пејачката Калиопи зборуваше за пејачите на „ДНК“, Андреј и Панчо кои помагаа насекаде. За жал, Андреј го загуби животот во пожарот.

„Каде и да отидеа на некој начин помагаа. Минатата година ја продадоа наградата „Златна бубамара“ за момче на кое му требаше лекување“, рече Калиопи.

19.03.2025 - 20:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега