Полицијата сопрела штипски автомобил при рутинска контрола - возачот веднаш уапсен

 


Вчера во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.

 

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

10.03.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега