Поефикасни механизми за одговор за потенцијални предизвици, АНБ и АВРМ потпишаа Меморандум за соработка
Директорот на АНБ, Бојан Христовски денеска потпиша Меморандумот за соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија.
-Оваа соработка претставува значен чекор кон унапредување на соработката меѓу нашите институции и претставува доказ за нашата заедничка посветеност во борбата против безбедносните закани, но и за поддршка на правото на работа и безбедноста на нашите граѓани, вели Христовски.
Истакнува дека соработката ќе овозможи брзо и ефикасно делување во сите ситуации кои можат да влијаат на националната безбедност.
-Размената на информации и податоци помеѓу нашите институции ќе ни овозможи побрзо и ефикасно дејствување во интерес на безбедноста на државата и нејзините граѓани. Благодарност до сите кои учествуваа во овој процес и се залагаат за заштита на националната безбедност. Убеден сум дека преку оваа нова партнерска врска, ќе создадеме поефикасни механизми за одговор на потенцијалните предизвици, обезбедувајќи подобра и сигурна иднина за сите македонски граѓани, додава директорот на АНБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа