Ништо од пратеничкиот мандат за Јелена Жугиќ
Јелена Жугиќ нема да го прифати пратеничкиот мандат и ќе си ја задржи досегашната функција, директор во Театар Комедија. Жугиќ е следна на листата на ВМРО-ДПМНЕ, откако директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова, си поднесе оставка на пратеничката функција.
Таа е на деветата позиција на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Со оглед на тоа дека токму од првата изборна единица оставки од пратеничките функции поднесоа и премиерот Груевски, како и министрите Диме Спасов и Елизабета Канческа - Милеска, влез во Собранието ќе добијат докторот Андон Чибишев, директор на Токсикологија и пратеничката Светлана Јакимовска, кои според наши извори, најверојатно, ќе го прифатат пратеничкиот мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа