Петрушевски: Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

 


Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки. Љупчо Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е безпоговорен послушник на СДС, посочува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека Љупчо Коцевски не планирал да гони криминал, туку да ги штити кадрите на СДС е непостапувањето против судиите и обвинителите во случајот со Наќе Георгиев и Иџет Мемети, кои признаа вина дека се стекнале со имотна корист за да влијаат на намалување на казната на Боро Марлборо. Љупчо Коцевски ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират. Љупчo Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е неспособен да реализира предмети на висока корупција, затоа што ги штитеше кралевите на криминалот и корупцијата – СДС, вели Петрушевски.

Пратеникот посочува дека во јавноста и стручната фела нема еден аргумент зошто Љупчо Коцевски треба да остане, а милион зошто треба да си замине.

-Време е за одговорност, посочи тој.

20.02.2025 - 12:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега