Гевгеличани го наполниле БМВ-то со мигранти и тргнале на пат за Скопје - еве што се случило
Две лица од Гевгелија си заработија кривична пријава поради криумчарење на мигранти. 28-годишниот А.Ш. и 33-годишниот Р.Б. на 30 минатиот месец околу 3 часот по полноќ.
Според податоците од полицијата, од страна на Единицата за борба против криминал во скопската населба Автокоманда биле сопрени три возила марка “БМВ“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од А.Ш., потоа ПМВ марка “пасат фолксваген“ со велешки регистарски таблички управувано од Р.Б. и ПМВ “опел омега“ исто така со гевгелиски регистарски таблички управувано од трето лице при што во возилата “пасат фолксваген“ и “опел омега“ биле пронајдени 10 лица илегални мигранти од Сирија.
од разговорот со А.Ш. и Р.Б. утврдено е дека претходниот ден од страна на друго лице телефонски било побарано од Р.Б. услуга, тој со возило да оди за Скопје да однесе некои лица кои биле со валидни патни исправи и дека за таа работа ќе му бидат исплатени пари за бензин. По разговорот Р.Б. веднаш се упатил на местото каде биле договорени односно кај училиштетот во с.Богородица каде што тој земал 2.000 денари и 20 евра. Лицата мигранти ги качиле во с.Богородица во двете посочени возила, а возилото “БМВ“ било претходница и истите се упатиле по автопатот Гевгелија – Скопје. Патувајќи кон Скопје требало да застанат во с.Катланово каде А.Ш. од двете возила во кои биле мигрантите земал 4.000 евра.
Откако пристигнале во Скопје поточно во населба Автокоманда, А.Ш. и Р.Б. биле сопрени и приведени, додека третото лице кое управувало со “опел омега“ успеало да побегне.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа