Страшна сообраќајка во Кавадарци: Автобус и мотоцикл се судрија, има повредени
Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Цветан Димов“ со ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „јутонг“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на ЈП Кавадарци, управуван од И.К.(52) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.П.(37) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
12.03.2025 - 12:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа