Операција „Чистач“ - Полиција со акции низ цела Македонија

 

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведува претреси на повеќе локации низ Македонија. Целта е сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје.

МКД.МК дознава дека акцијата „Чистач“ опфаќа повеќе градови и населени места, при што полицијата се фокусира на разбивање на криминални мрежи чиј таргет се најмлади и ранливи категории граѓани.

- „Ова е јасна порака дека МВР е посветено на искоренување на овие штетни појави во општеството. Уличното дилерство е сериозен проблем кој ги загрозува младите, а нелегалното оружје претставува потенцијална закана за безбедноста на сите граѓани,“ велат полициски извори.

МВР најавуваат дека овие активности ќе продолжат во наредниот период со зголемен интензитет.

12.03.2025 - 11:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега