Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка: Патот затворен, сообраќајот пренасочен

 

Сообраќајна несреќа се случила денеска во 10 часот и 10 минути на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат.

- -На 06 март 2025 година од 10:10 часот на патниот правец Крива Паланка - Куманово, на излез од Крива Паланка, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија. 

Засега нема информации за повредени лица или жртви.

Се очекуваат повеќе детали.

06.03.2025 - 10:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега