Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди бавно

 


Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

„Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ не само затоа што е срамно што овој процес бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа, ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светот и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста, освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега ѝ донесе добро на Европската Унија“, истакна Орбан.

04.03.2025 - 15:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега