(ВИДЕО) Мачење животно во штипско: Врзана мачка виси на задниот дел од возилото

 


На социјалните медиуми осамна видео на кое се гледа мачка како виси на задниот дел на возилото.

Видеотот предизвика остри реакции на социјалните мрежи, со осуда за мачење на животно. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.

„По појавата на снимката на социјалните мрежи, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот“, велат од  СВР-Штип."

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ информираат дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

-Во текот на денешниот ден истата пријава ќе биде доставена и во хартиена форма до архивата на Секторот за внатрешни работи во Штип. Дополнително, ќе биде доставена и кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за овој случај, велат од граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните.

Нагласуваат дека од  видеото не може точно да се процени во каква состојба е мачката, но како што посочуваат, независно од тоа ова е еден од честите примери на мачење животни на ваков начин (со врзување и влечење за возило).

Посочуваат дека од информациите со кои располагаат  видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

04.03.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега