Почина 31-годишен маж, му се слошило на работа - Уште една трагедија ја потресе Македонија
Вчера во 17.15 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Л.С.(31) од Република Косово.
-Според пријавеното, на Л.С. му се слошило при извршување работни задачи за фирма која врши изградба на Коридорот 8, по што бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде што била констатирана смрт, информира СВР Тетово.
Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
04.03.2025 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа