ФОТО: Да бојкотираме и сендвичари, збеснаа со цените - Твитер "врие" пред најавениот бојкот
По најавите за бојкот на маркетите во петок, поради екстремно високите цени на производите, "врие" од коментари на социјалните мрежи.
- Треба бојкот и на сендвичари, збеснаа со цените, хамбургер е 300 денари, претераа, е еден од твитовите објавени деновиве.
- Бојкотот на маркетите е добар начин да се избориме со ова лудило, е друг коментар на Твитер.
Инаку, како што веќе објавивме бојкотот е најавен за петок, 31. Јануари.
- „Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи.
Освен во Македонија и во БиХ граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора.
Хрватска која веќе организираше протести за големите цени во маркетите е инспирација за овие повици.
____________________________________________________________________________