Престрелка во фабрика во Германија: Две лица загинаа, едно тешко повредено

 


Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж упадна во фабриката Хенел во градот Бад Фридрихшал во германската покраина Баден-Виртемберг вчера околу 17 часот и 45 минути, а осомничениот е уапсен по неколкучасовна потера.

Според полицијата, двајца мажи биле застрелани, додека третиот е тешко повреден, пренесува Билд.

По осомничениот трагаше голем број полициски персонал, вклучително и хеликоптер и тим за специјални операции (СОТ).

08.01.2025 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега