МЗШВ: Земјоделците добија 625 милиони денари субвенции

 


Кон 32.798 земјоделци денеска се исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму додаваат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.

-Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од  392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, појаснуваат од Министерството.

Дополнително, нагласуваат, се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз. 

24.12.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега