Џеј Ло со месеци не ги соблекува најбараните чизми оваа сезона

 

Топли се и преудобни, а жените буквално ги разграбаа, иако многумина тврдат дека се грди и исфорсирани.

 

Џенифер Лопез со семејството ги поминува празниците во ски-центарот Аспен во Колорадо, а папараците ја уловија латино-дивата како ужива во кафе за носење и прошетка во овој зимски град.

Пејачката е секогаш елегантно и провокативно облечена на црвениот тепих, но преку ден претпочита опуштени, модерни опции.

 

Атрактивната 54-годишна дама практично не ги соблекува Ugg чизмите со платформа цела зима, а станува збор за нов модел на овој иконски бренд.

Чизмите можете да ги погледнете ТУКА.

Инаку, овие Uggs ги има во пет бои – црна, сива, беж, бојата на костенот што ја има Џенифер и темнокафена, а нивната редовна цена е 170 долари, но моментално се во продажба и може да се купат за 101 долар.

26.12.2024 - 21:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега