Коцевски: На Велес му се потребни хотел и национален ресторан

 

 Град како Велес покрај другите важни јавни објекти, мора да има и хотел во централното подрачје, како и национален ресторан, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ Аце Коцевски.

Коцевски најави дека во целост ќе се реновира зградата на поранешниот офицерски дом која сега, како што посочи, е целосно руинирана и запуштена.

- Оваа зграда, овој објект, овој прекрасен двор ќе ја добие повторно старата функција ќе биде убав национален ресторан, а објектот со неговата доградба и надградба ќе добие и други функции да служи за место за дружење и креативно дружење на младите од Велес во т.н. младински  културен центар и ќе биде надграден со хостел во кој младите од светот ќе можат поефтино да се сместат, рече Коцевски

 

 

 

08.10.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега