Бочварски вети изградба на брана на реката Отиња во Штип

 

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека еден од трите приоритетни проекти во неговата програма е изградба на брана на река Отиња, а која е долгогодишна желба на граѓаните на Штип.

 

-Свесни сме дека локалната самоуправа нема доволно средства за реализација на овој проект. Меѓутоа овој проект влезе во Програмата на реформската Влада предводена од СДСМ, со што се заложи дека ќе даде финансиска поддршка за изградба на брана на реката Отиња. Штип е еден од поголемите градови кој во своја близина нема природно или вештачко езеро, така што ова е одличен проект за нашиот град, рече Бочварски.

Тој истакна дека изградбата на брана на река Отиња ќе придонесе за намалување на неколку степени на високите летни температури, а исто така ќе се ублажат и екстремните ниски температури во текот на зимата. Реката Отиња која поминува низ централното градско подрачје ќе има и постајано свој биолошки минимум.

-Овој проект е многу важен за нас и веднаш ќе се зафатиме со експропријација на земјиштето, а која е почната пред дестина години и веднаш ќе ги доработиме проектите и ќе изградиме брана со околу 3.000.000 м/3 вода, кое што ќе биде водено огледало и ќе даде нов квалитет за нашиот град, вели Бочварски.

 

Тој додаде дека проектот ќе чини пет милиони евра, од кои еден милион евра ќе се обезбедат преку пренамена на средствата од самопридонесот, а останатите средства ќе ги добијат како поддршка од државниот буџет.

 

 

 

05.10.2017 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега