Јакимовски: Ќе доделиме 500 парцели општинско земјиште на млади брачни парови
Од месноста „Зајчев Рид“, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, денеска ја презентираше една од петте стратешки цели за развој на Опшината. Како што истакна Јакимовски, во тој предел и во пределот на касарната „ Илинден“, локалната самоуправа ќе додели околу 500 парцели општинско земјиште на млади брачни парови, да изградат дом за себе и своите семејства.
– Планираме да доделиме градежни парцели, на кои ќе бидат изградени типски куќи. Парцелите ќе бидат од 40, 65 и 80 квадратни метри, на кои младите брачни парови од Карпош ќе градат домови во вредност не поголема од 350 евра за метар квадратен. Младите брачни парови ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии, дециден беше кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Јакимовски истакна дека локалната самоуправа ќе ја изгради инфраструктурата и токму со овој визионерски проект, многумина млади брачни парови ќе го решат станбеното прашање.
– Освен изградба на индивидуални станбени објекти, ќе бидат изградени и колективни објекти за домување, за кои исто така нема да се плаќаат комуналии. Вредноста на становите ќе биде околу 550- 600 евра по квадратен метри, појасни Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа