Чадиев: Проект старт-ап бизнис центар за нудење на маркетинг услуги преку интернет

 

Кандидатот за градоаначлник на Општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денес промовираше проект, со кој како што рече, ќе обезбедат помош и поддршка на младите велешани да заработуваат на интерент.

-Нашите млади сограѓани, се покажаа пред светот дека поседуваат огромен потенцијал и вештини за работа со интернет маркетинг. Ние го препознаваме овој потенцијал и сакаме него да го поттикнеме и правилно да го насочиме. Општината предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе им помага на сите млади велешани на правилен начин да заработуваат на интерент. Во таа насока, во новиот мандат ќе го реализираме проектот СТАРТАП БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА НУДЕЊЕ НА МАРКЕТИНГ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРЕНТ. Овој Центар ќе овозможи правилно искористување на сопствениот потенцијал кој го поседуваат голем број наши млади сограѓани, но и нивна едукација за понатамошен развој и продлабочување на знаењата и вештините за овој вид на услуги, нагласи Чадиев.

 

Тој посочува дека за таа цел, општината ќе оствари соработка со признати експерти и интернет провајдери од земјата и странство кои работат оваа област и кои ќе овозможат стручна поддршка за функционирање на овој  Центар.

-Со реализација на овој проект ќе понудиме правилна едукација, стекнување на знаење и вештини за започнување на сопствен бизнис и оддржување на личната егзистенција за многу млади велешани, согласно утврдените глобални стандарди и регулативи. Нашиот фокус како политичка партија и како локална самоуправа е намалување на невработеноставоВелес и затоа ќе посветиме посебно внимание, вели Чадиев.

 

 

 

05.10.2017 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега