Митевски: Новата програма за Македонска Каменица целосно ќе ја реализираме
Сосем сме сигурни дека Македонска Каменица се движи напред. За тоа зборуваат и бројните проекти кои се реализирани во изминатиот период, вели Дарко Митевски кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Македонска Каменица.
-Ветувањата од програмите денес се реализирани проекти. Со градскиот плоштад, современиот градски пазар, новиот дом на култура, куќата на спортот, новите улици во централното градско подрачје, како и патишта во селските средини, новата водоводна мрежа се даде нов белег на нашата мала но убава општина. На престојните локални избори претставуваме нова програма која како и претходните целосно ќе ја реализираме. Еве еден мал дел од проектите кои ќе ги реализираме во периодот кој што е пред нас, вели Митевски.
Тој вели дека во Македонска Каменица Ќе има изградба на нова административна зграда за општина Македонска Каменица.
-Исто Така ќе направиме и развој на нашата индустриска зона и отварање на нови работни места. Реконструкција и адаптација на старите училишни згради во селата Косевица, Моштица, Луковица, Костин Дол и Цера. Покрај тоа и ќе работиме на комплетна конструкција на дом на рудари и негова адаптација во живеалишта за разни целни групи. Ќе работиме на уредување на Каменичка река и негово осветлување за кои што проекти имаме целосна подготвена проектна документација и за кој за што за краток период започнуваме со реализација. Изградба на нови улици во градските средини и патишта во селските средини. Во општина Македонска Каменица останаа уште неколку улици кои што не се завршени, за кои што имаме целосно завршена проектна документација и завршена експропредиација, и во периодот кој што е пред нас целосно ќе бидат асфалтирани. Покрај тоа ќе работиме на изградба на водоводна мрежа село Косевица, Луковица и Тодоровци, заради тоа што тоа е еден од најгорливите проблеми на жителите во овие селски средини. И секако водоводна мрежа за жителите во Моштица и Моштица 1. Имаме подготвено проектна документација и ќе изградиме пешачка патека покрај Калиманско езеро која што ќе биде ставено на располагање на сите граѓани во нашата општина. Во селските средини за да го подобриме економскиот живот, условите за живот имаме проект со кој што ќе изградиме социјални монтажни куќи во селските средини и за сите оние кои што ќе се одлучат да останат таму да живеат. За најстарата категорија на граѓани односно за пензионерите и покрај бројните проекти што ги реализиравме во изминатиот период ќе изградиме нов дневен центар во општина Македонска Каменица кој што ќе биде ставен целосно во нивно располагање, потенцира Митевски.
Тој додава дека граѓаните на нашата општина многу добро знаат во кој период се реализираат проекти и во кој период се изгради Македонска Каменица. Граѓаните многу добро знаат кога Македонска Каменица стана успешна приказна. Сите заедно ќе го продолжиме тој пат за македонска Каменица која ја сакаме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа