Алексовски: Довербата ја барам на основа на оние проекти кои ги реализиравме во општината Крива Паланка

 

Еве по трет пат застанувам пред Вас и ја барам вашата доверба, за трет мандат за градоначалник на општина Крива Паланка. Довербата ја барам на основа на она што го направивме во изминатиот период, на основа на оние проекти кои ги реализиравме како општина под мое раководство, вели кандидатот за градоначалник за Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

-Може да кажам дека сум горд што 95 проценти од мојата изборна програма е реализирана за кое нешто на сите вас ви доставив отчет. Како најглавни проекти со кои се гордеам а ги реализирав, тоа е решавање на водоснабдувањето на Крива Паланка за високата зона, лев брег, односно за високите зони на Крива Паланка. Проблем кој беше откако знам јас за мене, проблем за цела Крива Паланка. Го регулиравме дел од речното корито на Крива Река. Покрај Крива Река направивме пешачки и велосипедски патеки кои патем речено се претворија во нов градски парк. Направивме уште многу проекти, направивме бројни улици, бројни патишта кои се гледаат кои се видливи. Направивме спортски објекти како никогаш досега, спортска сала, тениско игралиште, повеќенаменско игралиште во Крива паланка, повеќенаменско игралиште во село Конопница, истакна Алексовски.

 

Тој додава дека патиштата по кои чекорите вие, сте сведоци за мојата работа за моето ангажирање во изминатиот период. За такво нешто продолжување на работата ја барам вашата доверба.

-Како основни приоритети кои ќе ми бидат во наредниот период ќе издвојам само неколку. Прво е гасификација на Крива Паланка. Гасификацијата на Крива Паланка ќе ја направиме со правење на државната стратегија бидејќи ние како општина ги имаме изготвено сите потребни документи, од почеток до крај имаме изведбен проект и ја чекаме државната стратегија за да видиме како ќе се одвива тоа на државно ниво. Исто така предвидуваме по завршување, по прокопување на тротоарите каде што ќе бидат сместени гасификационите да ги обновиме сите тротоари во општина Крива Паланка каде што граѓаните може безбедно да одат. Во програмата е превидено да се изгради локалниот пат во село Трново, потоа локалниот пат во село Стамболици до Крстата падина, локалниот пат Мизовски ливади село Градец, локален пат во село Конопница, Лиска – Стублица, Кула, рече Алексовски.

Тој вели и дека реконструкција на водоводниот систем во градот Крива Паланка која ќе опфати замена на сите азбесно цементни цевки. Ние во изминатиот период  направивме замена на дел од азбесно цементните цевки, но сега ќе направиме замена за сите. Овој проект е даден и е во фаза на тендерирање, но чекаме да се распише тендерот.

-Исто така предвидуваме изградба на пешачка патека врз цевководот висока зона лев брег, односно по старата градска вада каде што планираме да направиме покрај тоа уште еден рекреативен градски парк во Крива Паланка, место кое ќе биде за одмор и рекреација. Во програмата е предвидено и доизградба на фекалниот колектор, спојување на левиот и десен колектор по фази и правење на техничка документација за да може да се направи пречистителна станица во Крива Паланка.Воедно предвидуваме создавање на услови за изградба на плацеви во месноста Златина падина, кои плацеви ќе бидат за младите брачни парови. Просто речено во месноста Златина падина планираме да изградиме уште една населба. Довербата ја барам од вас за да продолжиме да ја градиме Крива Паланка. Работењето е наша одлика. Доколку вие како мои сограѓани сте задоволни од мојата работа во изминатиот период , тогаш дајте го гласот за нас, дајте го гласот за мене за да може да продолжиме да си ја градиме општината затоа што работата е наша одлика. Работа и секогаш работа, работа за Македонија, заврши Алексовски.

 

 

 

05.10.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега