Јанчев се откажа од платата и службеното возило - ако биде градоначалник средствата во хуманитарни цели
Кандидатот за градоначалник за Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев на денешната прес-конференција истакна дека доколку граѓаните му ја дадат довербата на локални избори функцијата градоначалник ќе ја извршува исклучиво со намера и желба да даде максимален придонес да се направи Кавадарци поубаво место за живеење.
-Јавно се откажувам од градоначалничката плата, јавно соопштувам дека нема да користам службено возило и службените обврски ќе ги извршувам со сопствено возило. Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми. Овој фонд за 4 години ќе изнесува 50.000 евра, а распределбата на финансиските средства ќе ја врши тело составено од социјални работници и истакнати хуманисти, а не јас, истакна Јанчев.
Тој додаде дека По овие два основа, буџетот на општина Кавадарци ќе заштеди околу 150.000 евра за период од четири години.
-Парите на граѓаните ќе се трошат одговорно, наменски и според реалните потреби на граѓаните. Ве уверувам дека секој Ваш денар, Вашите даноци и такси уплатени во општинскиот буџет, со мене како градоначалник, ќе имаат поголема вредност. Не случајно моето мото е „КАВАДАРЦИ НА ПРВО МЕСТО“, нагласи Јанчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа