Коневски: Ново Лисиче ќе добие фитнес центар
Во рамки на промоцијата на капиталните проекти од изборната програма денеска во населбата Ново Лисиче сакаме да ја најавиме изградбата на модерен фитнес центар, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски.
Тој посочи дека доколку ја добијат довербата на граѓаните на 15-ти октомври, новиот фитнес центар ќе го изградат веќе наредната година во склоп на Спортско-рекреативниот центар „Ново Лисиче“.
-Со овој проект Општина Аеродром ќе го оплемени неупотребуваниот и запуштен дел од комплексот преку негова реконструкција во вежбална со модерни справи за вежбање, кои ќе бидат достапни за сите аеродромци. Исто така, би сакал да нагласам дека овој и сите други проекти ќе ги реализираме со помош на Советот на Општината и затоа е важно граѓаните да ја дадат довербата и на кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, потенцираше Коневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа