Николовски ги покажа возовите: "Пред да дојдеме на власт претпријатие беше пред колапс, работниците без плата"

 

 

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на социјалната мрежа Фејсбук, постави видео од посетата на Македонски Железници Транспорт, на кое ги покажа возовите и локомотивите.

- Благодарение на работниците во Македонски Железници Транспорт на македонските пруги во моментов има 14 возови и локомотиви кои сообраќаат, напиша Николовски.

Додаде дека во јуни 2024 година кога ја превземале власта имало НУЛА локомотиви и возови и претпријатието било пред колапс, а вработените немаале земено плата.
 
- Македонските железници ќе бидат гордост на Македонија, напиша тој во објавата.

06.02.2025 - 09:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега