Николоски: Митот за Ахмети се сруши со ставањето на Груби на црната листа на САД

 

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Ахмети на кој што тој се држел, но пропадна за само неколку месеци во опозиција.  

„Првиот беше дека е чесен, со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите кои што главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ тој мит падна. Вториот мит беше дека прави што прави, секогаш е во Влада, еве не е’’, нагласи Николоски и додаде дека ги лажел неговите членови дека за три или шест месеци ќе влезат во Влада, па ќе имало избори локални со парламентарни, но видовме дека ништо од тоа не се случи.

„Третиот мит кој што веќе од вчера се руши е дека прави што прави, ги штити своите луѓе. После она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се сруши. Така да, трите столба на кој што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат’’, појасни Николоски.

Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е целосно неодговорно.

„Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, кој што оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт, пушта други таму, а тој седи во собрание и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување’’, заклучи Николоски. 

12.12.2024 - 20:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега