Нема ни трага од исчезнатиот Миле - Се бара по манастири, во потрагата вклучен хеликоптер
Македонија е се уште на нозе и се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино. Личната карта и пасошот му се дома, а од навивачката група „Винари“ од Неготино, на „Фејсбук“ велат дека се пребаруваат и манастири и цркви.
- Апел од Винари Неготино до сите други навивачки групи. Затоа што постои голема веројатност (или барем се надеваме) дека нашиот член, другар, пријател Миле Тодоров може да е засолнат во некој Манастир/Црква, ве ЗАМОЛУВАМЕ доколку имате можност да исконтактирате или проверете по манастири и цркви (поголеми или помали) во вашиот крај, пишуваат на Фејсбук од навивачката група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа