Ердоган нареди: Турција ќе згрижи 15 палестински затвореници
Турција ќе прифати 15 палестински затвореници ослободени од израелските затвори, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Овие лица ќе пристигнат во Турција во следните неколку дена.
Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека еден од условите во договорот за прекин на огнот во Газа е палестинските затвореници да не останат во Палестина по ослободувањето. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган наредил Турција да прифати дел од ослободените Палестинци.
Според Си-Ен-Ен-Турк, Ердоган наредил турската Национална разузнавачка служба (МИТ) да го координира приемот на 15-те Палестинци. Тие ќе патуваат за Турција преку Египет.
Прекинот на огнот во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа