Наутро зима, на пладне пролет: Големи температурни шокови на самиот старт од пролетта
Во Берово изутринава се измерени - 4 степени, во Лазарополе -1, 0 во Крива Паланка и Струмица, 1 во Битола, Штип и Претор, 2 во Тетово, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Велес и Попова Шапка, 3 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 4 во Демир Капија, Виница, Крушево и Маврови Анови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа