Македонија утрово мрзне - Што не чека во текот на денот?
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Утрово е најстудено во Берово каде се измерени -9 степени. -7 Битола, -6 Маврови Анови, -5 Претор, Попова Шапка, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, Демир Капија, -4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, Куманово, Охрид, -3 Гевгелија, Велес, Крушево, Кавадарци, -2 Скопје-Зајчев Рид, Виница.
20.03.2025 - 08:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа