Лазаров: Горд сум на момците, горд сум на сите наши навивачи
Македонската репрезентација одигра извонреден натпревар на отворањето на Светското првенство 2025, ремизирајќи (27-27) со моќната Унгарија.
Но, Македонија може да жали што испушти триумф во последните 30 секунди од средбата. Токму таков е и впечатокот на селекторот Кире Лазаров кој и тоа како е задоволен од големото реми, но нагласи по мечот дека може да жалиме што испуштивме триумф…
„Треба да бидеме задоволни од еден ваков резултат иако можам да кажам дека пропуштивме победа, и може да жалиме што бевме толку блиску до еден голем триумф а го испуштивме. Но, неискуството на нашите играчи што не влегоа во фаул во последниот напад. Можеби требаше и покасно да повикам тајм-аут, но тоа е што. Унгарија беше блиску до медал на ЕП и учестуваше на ЛОИ и затоа сум горд на моите момци и на цела Македонија, бидејќи без навивачите и цел македонски народ немаше да го направиме ова денеска. Јас имам многу поминато во кариерата и затоа треба да бидеме мирни и само да се одмориме. Да не очекуваме ништо и само да се бориме. Ако се бориме како денеска, резултатот сам ќе си дојде. Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, така што очекувам многу потежок натпревар“, изјави Лазаров
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа