Кривични пријави за кражба и несовесно работење: Дрвокрадец и полициски инспектор под истрага

 


СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Д.(44) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ и против С.Д.(55) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 03.11.2020 првопријавениот во атарот на с.Пешталево, пријавениот бил затекнат како управува товарно возило „ман“ натоварено со букови дрва на кои немало и не поседувал документација.

Додека, второпријавениот - главен инспектор за општ криминалитет во Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, не се придржувал на прописите и стандардите, со што овозможил кривично правен настан, за кој биле обезбедени докази, да не биде процесуиран до надлежното Основно јавно обвинителство и на тој начин овозможил да течат роковите за кривично гонење.

24.03.2025 - 14:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега