Бегал од притвор со гаранција, па пак криумчарел – 30 дена притвор за лицето кое држело заложници

 

Вечерва, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Судијата го уважи образложението на јавниот обвинител, при што критичен фактор за определувањето на мерката беше фактот што првоосомничениот веќе се наоѓал во постапка пред ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за кривично дело „Криумчарење на мигранти“.

Првично, за тоа дело му била определена мерка притвор, но по жалба на одбраната, Кривичниот совет ја заменил со мерки на претпазливост, откако била прифатена гаранција во износ од 185.382 евра во земјоделско земјиште. Иако Апелациониот суд ја отфрлил жалбата на ОЈО ГОКК и ја потврдил одлуката за укинување на притворот, осомничениот подоцна повторно сторил кривично дело, што сега беше пресуден аргумент за повторно враќање во притвор.

25.03.2025 - 22:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега