Костадинов: Само мртов ќе се повлечам од битката за Струмица
Само мртов ќе се повлечам од битката за Струмица!
Вечерва имав чест да бидам дел од важната конференција во Арм, организирана од страна на СДСМ, каде што беа избрани новите членови на извршниот одбор, напиша на социјалните мрежи струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Со нас беше и Венко Филипче, претседател на партијата, кој со своето присуство ја потврди важноста на овој момент. Овој настан е уште еден доказ за посветеноста на тимот кон иднината на нашата општина и држава, и со задоволство продолжувам да бидам дел од процесите кои ја градат нашата заедничка визија, стои во објавата на Костадинов.
04.02.2025 - 21:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа